За црвениот тепих, Кетрин Зета-Џонс секогаш избира елегантни вечерни фустани кои на софистициран начин ги слават женските адути. Така беше и на традиционалниот БАФТА.
Иако не и се потребни никакви трикови за визуелно да ја стесни фигурата, сепак со овој ефект го постигна тоа.
Моделот без ракави со длабоко деколте, кој го носеше Кетрин, е изработен во две бои – горниот дел од фустанот е изработен од златна металик ткаенина која визуелно ги зголемува градите, додека долниот дел е изработен од црн материјал кој визуелно ги стеснува струкот и колковите.