ФОТО I Реалност и Инстаграм: Џеј Ло го покажа телото во танга бикини

Џенифер Лопез неколку дена уживаше во шармот на Париз, од каде замина на вистински летен одмор на италијанското крајбрежје.

Loading…

Папараците ја „уловиле“ латино дивата на плажа на брегот Амалфи, едно од најпопуларните и најпрестижните одморалишта во Италија.

Познато е дека Џенифер може да се пофали со беспрекорно тело дури и на 54 години, но дали е тоа навистина така во живо или само на социјалните мрежи.

Џеј Ло се сончала во минијатурно бело бикини со танга која открива повеќе отколку што пејачката можеби сакала да покаже, пренесува „Жена.блиц“ (Zena.blic.rs).

Пејачката секогаш изгледа совршено и беспрекорно на фотографиите на Инстаграм, а не е далеку од тоа и на папарацо фотографиите, па дури и во спонтани пози кои често знаат да бидат непријатни.

Фотографиите за рекордно време завршија на сите социјални мрежи, а на публиката не и требаше многу време да ја даде пресудата. И додека некои се воодушевени од глетката, дежурните критичари не ја пропуштија шансата за негативни критики.

„Нејзиното тело не покажува дека поминува толку многу часови во теретана“,
„Таа навистина не е ништо посебно без сите тие глам-тимови и филтри“,
„Некои фотографии најдобро е да не се споделат (и за неа и за публиката)“,
„О, ама дали таа има палачинки наместо задник“,
„Не личи на фотошопираните слики на Инстаграм“,
„Изгледа многу подобро со облека на себе“,
„Време е да се покрие, изгледа многу подобро во фустани… Дојде стареењето“,
„Ова е нејзиното вистинско тело на 54 години. Таа сѐ уште изгледа добро“.

Џенифер последниве години напорно работи на одржување на добра кондиција и фит фигура, тренира неколку пати неделно, а по потреба практикува и строга диета, односно исфрлање на јаглехидратите.