Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во стан на улицата „Рузвелтова” каде, според првичните сознанија, 40-годишен маж ги лишил од живот неговите мајка и баба.
Со цел расчистување на настанот, јавниот обвинител ќе издаде наредби за обдукција на починатите, како и за вештачење на сите траги пронајдени на лице место.
Претходно денеска и МВР информираше за двојното убиство се счучило во скопската населба Карпош на улица „Рузвелтова“.
– Денеска околу 14:40 часот, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.Ј.(40) од Скопје, поради сомнение дека околу 14:20 часот во стан на ул.„Рузвелтова“ со остар предмет ги нападнал неговата мајка и баба на возраст од околу 60 и 80 години, кои од здобиените повреди починале. По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од МВР.
Од друга страна, жителите на овој дел од Скопје раскажуваат за кравиот настан. Според нив, се се случило наутро и дека имало борби во станот, односно жените се бореле да се спасат. Станот бил облеан со крв и во голем неред. Наводно, убиецот отишол во амбулантата во Карпош 1 за да го преврзат и таму им кажал дека дома ги заклал мајка му и бабаму. По ова настанало паника во амбулантата.
Но, сето ова останува во доменот на прераскажување, додека вистинската слика треба да ја дадат истражните органи. Нетпресс дојде до слика од убиецот на двете жени.