Граѓаните на скопската Општина Гази Баба точно напладне во саботата го започнаа најавениот протест пред капијата на индустрискиот комплекс МЗТ во Маџари, поради одлуката Центарот за зависности да биде преселен од населбата Кисела Вода.
Тие не се согласуваат Центарот да биде префрлен во мензата на фабриката МЗТ како што одлучија здравствените власти. Префрлувањето треба да се случи до крајот на годината.
Како граѓани на општина Гази Баба сме зaгpижени од најавите на министерот за здpaвство дека Центарот за зaвиcници од општина Кисела Вода ќе биде премистен на територијата на општина Гази Баба, односно во просториите на фабриката Металски завод Тито. Дополнително зaгpижyвaње кај нас дава и фактот што министерот Филипче во изјава за новинарите кажа дека нашиот градоначалник Бориц Георгиевски вети итно одобpeние овој Центар да биде отворен на територијата на општина Гази Баба, рече претставникот на граѓаните и организатор на протестите.
Срамота е ова што го прават, бараме итно градоначалникот Борче Георгиевски да ја повлече оваа одлука и да помисли на нас и нашите деца, рече еден од револтираните жители на Маџари на протестот против дислокација на центарот за зависници од Кисела Вода во просториите на фабриката МЗТ.
Учесниците на протестот побараа оставка од градоначалникот.
Ние не сме против изградба на ваков центар, но тоа треба да го направат на изолирано место, на некоја ливада, а не тука, среде населено место каде што има градинки и училишта. Овде ќе биде хаос. Се плашиме за нашиот и за животот на нашите деца. Никој не не прашал пред да ја донесе одлука, револтирани сме и на градоачалникот и на премиерот Заев. Ова е предупредувачки протест, но нема да се откажеме. Порачуваме градоначалникот да даде оставка и да дојде некој кој што е способен да работи во интерес на граѓаните, рече жителка на Маџари.
Установата за третман на зависностите од дрога ќе биде префрлена во поранешната менза на фабриката „Металски Завод-Тито“. Министерството за здравство веќе има добиено решение од градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски. Дислокацијата треба да се случи до крајот на годинава.
Станува збор за објект кој не е во сопственост на општината, за таа да може да дава согласност за користење. Од друга страна, ако веќе општината треба да се изјасни, оваа одлука мора да помине низ Советот, односно за неа да гласаат советниците од сите партии. Како Георгиевски сам одлучил дали нешто може или не смее да се случи, тоа допрва ќе треба да се обелодени.
Главниот проблем поради кој се јави потреба за дислокација на Центарот за зависници се ужасните услови и чувството за небезбедност меѓу граѓаните на општина Кисела Вода. Овој Центар требаше само времено да биде лоциран во општината, но tаму е останат веќе 20 години. Сега, ќе биде решен проблемот со стравот кај граѓаните од Кисела Вода, на грб на граѓаните на Гази Баба.
Медиумите пипшуват деак оваа одлука ја нема донесено општината, туку градоначалникот лично. Граѓаните кои ја контактираа нашата редакција не го кријат својот револт. Тие првично се огласија на социјалните мрежи, а имаат и формирано иницијативен одбор кој во наредните денови ќе превземе низа на активности против отварање на ваков Центар во Гази Баба.