ФОТО и ВИДЕО| Им подлегна на повредите младиот швајцарски мотоциклист Дупасквие

Moto Gp riders and teams line up for one minute of silence in memory of the Moto 3 class rider Jason Dupasquier who died in the accident during qualifying during the Motorcycling Grand Prix of Italy at the Mugello circuit in Scarperia, central Italy, 30 May 2021

Младиот швајцарски мотоциклист, 19-годишниот Џејсон Дупасквие, почина во неделата од повредите што ги претрпе при падот и налет на друг мотоцикл во текот на саботните квалификации во класата Мото 3 за Големата награда на Италија во Мугеала, објави организаторот на МотоГП тргките.

Дупасквие во последните моменти од саботните квалификации падна, а на него налета Јапонецот Ајуми Сасаки, а во несреќата учествуваше и Шанецот Џереми Алкоба. Ниту јапонскиот, нути шпанскиот мотоциклист не беа потешко повредени, додека несрежниот Швајцарец по 40-минутното давање помош на патеката со хеликоптер беше пренесен во болницата „Кареги“ во Фиренца со повеќекратни повреди на главата и градниот кош.

Во текот на ноќта над Дупасквие била извршена итна операција на градниот кош, но и натаму неговиот живот бил загрозен. За жал, во неделата тој полинач како последица на тешките повреди.

„По тешката несреќа во кгавлификациите во Мото 3 класта на Голмата награда на Италија, со голема тага објавуваме дека мотоциклистот Џејсон Дупасквие почина. И покрај најголемите напори на медицинскиот персонал на патеката и сите оние коишто подоцна се грижеа за швајцарскиот мотоциклист, болницата објави дека Дупасквие, за жал, им подлегнал на повреди“, соопштија на официјачлнито интернет портал на МотоГп.

За Дупасквие ова беше втората сезона во трките за Светското првентство во класата Мото 3, а во петте трки освои 27 бодови и беше на десеттото место.

Ова е првата несреќа со смртни поледици на трките за светското првенство во мотоциклизам последните пет години, откако во 2016 година на патеката во Барселона на трката за Големата награда на Каталонија загина Шпанецот Луис Салом во класта Мото 2.

На денешното натпреварување тимот за кој возеше Жасон Дупаксвие не настапи, а победи Италијанецот Денис Фоџија.

https://www.youtube.com/watch?v=WXLRKimMvss

https://www.youtube.com/watch?v=apaaIXCNQzY

https://www.youtube.com/watch?v=0DXlbPWvmco