ФОТО и ВИДЕО| Израелска армија: Под седиштето на UNRWA откриен команден штаб на Хамас

Израелските сили открија мрежа од тунели долги стотици метри, кои делумно минуваат под седиштето на агенцијата на Обединетите нации 0 UNRWA во Газа, соопшти израелската војска, нарекувајќи го нов доказ за врските на Хамас со главната хуманитарна организација која им помага на Палестинците.

Воени инженери ги водеа новинарите од странските медиуми низ ходниците кризниот период за UNRWA, на која западните земји сојузници на Израел го замрзнаа своите големи донации поради израелските обвинувања минатиот месец дека одредени членови на агенцијата наводно се оперативци на Хамас и учестувале во бруталниот напад во јужен Израел на 7-ми октомври.

Палестинците го обвинија Израел за фалсификување информации за да ја дискредитира UNRWA, која вработува 13.000 луѓе во Појасот Газа и со години претставува главен извор на помош за населението зависно од хуманитарна помош.

Седиштето на UNRWA е во градот Газа, во северната енклава која беше преплавена од израелски војници и тенкови во првите четири месеци од војната против исламистичката група Хамас, предизвикувајќи егзодус на повеќе од милиони цивили кон југот на малата тесна крајбрежна енклава.

„Од тука сѐ управувало со сѐ. Целата енергија за тунелите низ кои поминавте се снабдува од тука“, изјави потполковникот, кој се претстави само со своето име Идо. „Ова е еден од централните разузнавачки штабови. Ова место е една од разузнавачките единици на Хамас од каде тие командуваа со поголемиот дел од борбите“, додаде.

Од UNRWA соопштија дека го евакуирале и испразниле своето седиште уште на 12-ти октомври, пет дена по почетокот на војната, и затоа „не може да ги потврди или коментира“ тврдењата на Израел.

„UNRWA нема воена и безбедносна експертиза или капацитет да преземе воени инспекции на она што е или може да биде под нејзините простории“, се вели во соопштението. „Во минатото, секогаш кога ќе се најдеше сомнителна празнина под просториите на UNRWA, се испраќаа протестни писма до учесниците во конфликтот, вклучувајќи ги и де факто властите во Газа (Хамас) и израелските власти“, се додава во соопштението..

Поддржувачите на UNRWA велат дека таа е единствената агенција способна да им помогне на Палестинците во нивните растечки хуманитарни проблеми. Израел вели дека „Хамас го прободел“ и дека мора да се замени. Хамас негираше дека дејствува во цивилни области.

Како што објави весникот The Jerusalem Post повикувајќи се на израелската војска, тунелската шахта во близина на училиште водела водеше до подземно засолниште што служело како важно средство за военото разузнавачко крило на Хамас. Трасата поврзана со тунелот водела и до патека под централното седиште на UNRWA во Појасот Газа.

Според извештајот, тунелот бил долг 700 метри и длабок 18 метри и содржел неколку изградени странични врати кон различни нови правци. Израелската армија изјави дека новодобиените разузнавачки информации од оваа операција ќе ѝ овозможат во иднина да спроведува дополнителни рации насочени против инфрастуктурата на Хамас.

Истовремено, израелските инженерски единици откриле електрична инфраструктура во тунелите кои биле поврзани со зградата на седиштето на UNRWA, што според нив укажува дека средствата на UNRWA го снабдувале Хамас со електрична енергија.

По наводите за наводни непобитни докази на поврзаност на седиштетот на UNRWA со Хамас, споредени со претходните податоци на разузнавачката агенција Шин Бет, израелската војска извршика рација во канцелариите на зградата на седиштето на агенцијата на ОН. Во канцелариите на самата зграда, како што објави израелската војска, открила пиштоли, муниција, гранати и други експлозиви.

Одделно, во саботата вечерта израелската војска објави нови ажурирани податоци за активностите на 401-та бригада во областа Шати, во Газа. Според нив, во заедничка операција меѓу 401-та бригада и силите Шин Бет, како и војниците на единицата К-9 и специјалните сили Шалдаг, војниците успеале да убијат околу 120 терористи (борци на Хамас), а биле уништени над 20 згради и „друга терористичка инфраструктура“.