ФОТО и ВИДЕО| Недостасуваат 50 метри од цевководот на Северен тек 1, велат во Шведска

Недостасуваат најмалку 50 метри од гасоводот Северен тек 1 по дното на Блатичкото Море, извести во вторникот шведскиот дневен весник Expressen, откако иго објави првите јавни снимки од оштетувањето откриено на 26-ти септември.

Шведската полиција и државното обвинителство се сомневаат дека истекувањето на гасот од цевководите на Северен тек 1 и Северен тек 2 во шведските и данските води се последица на намерна експлозија и затоа случајот го истражуваат како чин на саботажа.

Претходно во вторникот полицијата на Данска објави дека прелиминарната истрага на оштетувањата на двата гасовода во данскиот дел од Балтичкото Море покажуваат дек се предизвикани од „силни експлозии“.

На видеото снимено со далечински управувано подводно возило или подводен дрон, кое го објави Expressen, се покажува извиткан метал и отворен цевковод на дното на морето. Делови од овој цевковод имаат рамни остри рабови, а други се деформирани, според снимката направена на длабочина од 80 метри.

Видеото е снимено во понеделникот, се наведува во прилогот на Expressen, а агенцијата Reuters додава дека не можела независно дали снимките навистина го прикажуваат гасоводот Северен тек 1.

Претходно месецов шведските безбедносни агенции соопштија дела подигнале материјал од местото на експлозијата во рамките на истрагата. Меѓутоа, во јавноста се поставува прашањето дали со своето доаѓање шведските истражители можеле да ја изменат ситуацијата на местото на експлозијата.

Шведската воена морнарица и безбедносните полициски служби одбиле да го коментираат пишувањето на Expressen, а крајбрежната стража не била веднаш достапна за коментар по барање на Reuters.