Лизгање на земјиште погоди хотел во селото Агиа Фотија на грчкиот остров Крит, при што загина чешка туристка а едно дете е повредено, соопшти во неделата противпожарната служба.
Селото Агиа Фотија се наоѓа близу градот Иерапетра, на јужното крајбрежје на Крит. Инцидентот се случил рано утрото во неделата/ Според противпожарната служба, на местото на настанот пристигнале 50 пожарникари со 20 возила кои работеле на отстранувањето на урнатините до рано претпладнето.
Според порталот neakriti.gr, парче од карпа се одвоил и паднал врз хостелот со 15 апартмани за изнајмување на падините на Агиа Фотија кај Ласити, по што зградата се урнала и уништила два апартмани.
Во едниот била целосно поклопена 45-годишната жена која била пронајдена мртва. Биле потребни големи напори за по четири часа да се извлече и нејзиниот деветгодишен син, чија нога била заглавена во урнатините. Додека 51-годишниот татко кој во тој момент бил во друга просторија останал неповреден.
„За чешкото семејство ова беше последната ноќ во местото каде дојдоа на одмор, денска требаше да заминат за татковината“, изјавил локален жител за државната телевизија ERT.
Локалните жители се пожалиле дека неколку карпи висат над домовите и над локалниот пат, и стравуваат од нови трагични одрони.