![kitovi 01](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/kitovi-01.jpeg?resize=696%2C464&ssl=1)
Околу 200 китови угинаа откако останале заробени во плитките води на западниот брег на австралискиот остров Тасманија, пренесуваат во четвртокот медиумите повикувајќи се на спасувачите.
На плажата биле пронајдени 230 китови, од кои само 35 биле сѐ уште живи, го цитира AFP Брендон Кларк, директор на и Одделот за природни ресурси и животна средина во Тасманија.
„Имаме уште околу 35 живи животни на плажата, а денеска фокусот ќе биде ставен на нивното спасување. За жал, стапката на смртност при ваквото насукување на плажите е висока. Тоа главно се должи на условите на Оушн бич (плажата во Тасманија), појаснил Кларк.
Според локалните медиуми, китовите биле исфрлени на брегот во близина на пристаништето Меккуори, каде пред речиси две години се случи, исто така, масовно насукување на китови. Тогаш на брегот завршија и 470 ткн пилот-китови со долги перки, од кои угинаа повеќе од 300 и покрај огромните напори на активистите.