ФОТО и ВИДЕО| Речиси илјада куќи уништени во шумски пожар во Колорадо, тројца исчезнати

Речиси илјади куќи се уништени во шумски пожар во западната американска сојузна држава Колорадо, објавија во саботата локалните власти, додека три лица се водат како исчезнати и се стравува дека се мртви.

Шерифот на окригот Болдер, Џо Пел, изјави за новинарите дека 991 градба е уништна, а уште 127 се оштетени во шумскиот пожар кој избувна во четвртокот северно од Денвер, главниот град на државата Колорадо. Додаде дека е потврдено дека три лица исчезнале, а се стравува дека се мртви, бидејќи нивните домови се целосно уништени во пожарот.

„Има три нерешени пријави за исчезнати лица. Нивните домови се уништени, потенцијално има човечки останки во тие куќа. Згариштата се жешки, сѐ се урнало и сега е прекриено со 20-ина сантиметри снег. Значи, потрагата е значително отежната“, изјавил Пел додаваји дека снежните врнежи го запреле ширењето на пожарот.

„Сметав дека ќе имаме загубени животи само врз основа на размерите на овој пожар, неговата брзина и жестината. Мислам дека е чудеснот, ако се три, дека биле три а не 100 или стотици, па сум благодарен поради тоа, но му исто така извонредно жал за тие семејство“, додал Пел.

Шерифот на окруот изјави дека истрагата за причината за пожарот продолжува.

Медиумите штетите ги оценуваат како „вџашувачки“, и емитираат снимки од воздух кои прикажуваат дека цели улици се претоврени во купишта пепел. Пожарот, за разлика од претходните огнени стихии, зафати пригратски населба а не само руралните области.

Ви четвртикот шумскиот пожар натера 30.000 жителие да ги напуштат своите домови во градовите Луисвил, кој има 20.000 жители, и од Супериор со 13.000 жители, северно од Денвер.

Според гувернерот на Коларадо, Џаред Полес, пожарот кој го разгорел силниот ветер, „за миг“ уништил цели населби. На жителите во четвртокот им беше наредено да се евакуираа од домовите, повеќето само со облеката којашто ја имале на себеси.

„Семејствата имаа само неколку минути да стават се што можат, своите животни, своите деца во автомобилот и да заминат“, појасни Полис.

Вајвите пожари се невообичаени во текот на зимите. Колорадо веќе неколку години е погодено од голема суша, како и поголемиот дел од американскиот Запад. Последните години овој дел од САД доживува невидени пожари, особено сојузните држави Калифорнија и Орегон.