Седум тела се извлечени пред паѓањето на ноќта во неделата а непозната е судбината на меѓу 125 и 200 луѓте кои се водат како исчезнати на северот од Индија, по одронот на хамалајскиот глечер кој паднал во река предизвикувајќи остар раст на водостојот, соопштија властите на сојузната држава Утарканд.
Големата водена маса ја опустошила долината на реката Даулиганга, носејќи сѐ пред себе, потопувајќи хидроцентрали и однесувајќи патишта и мостови, според снимките кои ги правеле жителите на областа емитувани на локалните телевизии.
Меѓу исчезнатите се десетици работници на две хидроцентрали на браната Ришиганг и жители на околината. Браната е уништена во надојдената вода што го предизвикало падот на големата ледена маса којашто се одвоила од планински гребен низводно од браната.
Премиерот на индиската сојузна држава Утарканд, Триендра Сингх Равар, изјави дека најмалку 125 лица се водат како исчезнати, но дека бројот би можел да биде поголем за повеќе десетици лица.
Началникот на локалната полиција Ашок Кумар го повторил податокот за околу 200 исчезнати лица само во двете хидроцентрали. Дваесетина работници биле заробени во тунелот, а меѓу нив 12 се спасени.
Стотици војници и припадници на локалните милици со помош на воени хеликоптери и авиони се мобилизирани во регионот. Спасувачите досега евакуирале жители на повеќе десетици села. Поради поплавите и соседната сојузна држава Утар Прадеш донела одлука за воведување на состојба на приправнот во обласите покрај реката Ганг.
Во државата Утарканда, во планинската верига Хималаи, извира големата света река Ганг,чија притока е реката Даулиганга. Властите ја испумпале водата од двете брани за водениот порој да не влијае врз порастот на водостојот на Ганг во градовите Ришикеш и Харидвар и им забранија на жителите да се приближуваат до бреговите на реката.
Индискиот премиер Нарендра Моди изјави дека властите целосно ја следат ситуацијата. „Национата се моли за безбедност на луѓето“, напиша на Twitter кусо по разговорите со локалните функционери.
Сѐ уште не е позната причината за одронот на ледникот во Утараканд, но од претходно е познато дека оваа држава во западната област на Хималаи е подложна на ненадејни поплави и свлечишта. Во јуни 2013 година, кога беа забележани најобилните монсунски дождови во последните неколку децении во оваа област беа предизвикани големи поплави, во кои смртно настрадаа околу 6.000 луѓе.