Археолозите во пустинската некрпола Сакара кај египетска Гиза, откриле вкупно 27 запечатени саркофази чијашто старост ја проценуваат на повеќе од 2.500 години, соопшти египетското министерство за туризам и старини.
Од министерството потсетуваат дека пред една седмица беа откриени 13 одлично зачувани сакрофази, а потоа во петокот биле пронајдени уште 14-те други и истакнуваат дека станува збор за едно од најголемите откритија од овој вид.
Станува збор за запечатени сакрофази коиишто според објавата на страницата на египетското министерство, досега никој не ги отворил од времето на нивното погребување, а археолозите ги откриле во три одвоени запечатени одаи на длабочина од 11 метри.
Од снимките се гледа дека сакрофазите се одлично зачувани, како и дека на некои уште е совршено сочувана оригиналната боја на дрвото во кафени и сини шари, како и хиероглифски знаци. Покрај нив, пронајдени се и разни предмети кои треба да го разјаснат статусот на починатите, да овозможат податоци за нивната имотна состојба и влијанието во заедницата, иако засеге индентитетот на погребаните останува непознат.
Се верува дека Сакара служела како некропла на древноегипетската престолнина Мемфис. Сакара се наоѓа на 16 километри јужно од прочуените пирамиди во Гиза. Локалитетот е ставен на листата светско културно наследство на УНЕСКО, а во близина се наоѓа колосалната скалеста пирамида на фараонот Џосер, првата од фараонската ера.
Археолозите наведуваат дека во текот на 3.000 години древните Египќани на оваа локација ги погребувале своите починати. Меѓутоа, таму не се погребувале само припадници на високите сталежи, туку и луѓе од пониските социјални слоеви. Споменикот кој пред околу 2.700 години пред Христа го изградил архитектот и хроничар Имхотеп, се смета за еден од најстарите на светот.
Ви меѓувреме, египетското министерство за туризам и старини најави серија промотивни видео-материјали за ова октритие, настојувајќи да ја заживее лошата состојба на туризмот во земјата, кој беше погоден од политичката нестабилност проследена со терористички напади, а годинава и дополнително со пандемијата на коронавирусот.
Египетската влада музеите и културните знаменитости за посетителите повторно ги отвори на 1-ви септември. Овој клучен сектoр за египетската економија минатата 2019 година достигнал рекордни 13,6 милиони посетители, пред пандемијата повторно да ги оневозможи посетите на странските туристи.
На страницата на министерството се нaведува дека работата на археолошките наоѓалишта ќе продолжи, а научниците се надеваат дека ќе откријат нови објекти во блиска иднина. Египетската влада последните години силно ги поддржува археолошките истражувања низ целата земја во надеж дека ќе го заживее туризмот, и последните две години речиси секојдневни се известувањата за нови научни откритија.