ФОТО и ВИДЕО| Во експлозија во Атина еднo лице повредено, оштетени згради

Едно лице е повредено а неколку згради се оштетени во ексползија во Атина рано утрото во средата којашто предизвика пожар и уништи фасади на згради во една од најафреквентните улици во центарот на грчката престолнина, соопштија властите.

Едно лице со изгореници е пренесено во болница, изјавил за телевизискиот канал Skai, Јоргос Матиопулос, шеф на Националниот центар за итна помош.

Засега не е позната причината за експлозијата и за пожарот. Во експлозијата се скршени прозори и унитепни се фасади на згради и продавници по должината на авенијата Сингру, која го поврзива центарот на Атина со јужните предградија. Оштетени се згради оддалечени и до 200 метри од местото на експлозијата.

Остатоци и скршени стакла ја прекрија улицата само ден откако силната снежна бура го наруши сообраќајот и блокираше илјадници луѓе во регионот на главниот град.

„Во време на експлозијата бев точно наспроти зградата. Бепе силна, многу силна, видете ги зградите наоколу. Експлозијата нѐ истурка две ленти надесно“, изјави за телевизијата таксистот Кристос Калијас чиј автомобил исто така бил оштетен.

Најмалку 18 пожарникари го гаснеле пожарот со седум противпожарни возила во една зграда и огнот е ставен под контрола, соопшти противпожарната служба. Според нив избувнал пожар, а пред него имало експлозија, потврдиле од службата.