Дефект на мотор на патнички авион од моделот „Boeing 777“ е причина за пад од остатоци на двигателот на летлото во станбена зона во близина на Денвер, во американската сојузна држава Колорадо, пренесува во саботата телевизиската мрежа Fox News.
Според телевизијата, авионот на летот на воздухоплонвата компанија „ United Airlines“ од Денвер кон Хонолулу по инцидентот безбедност се вратил на денверскиот аеродром кусо по полетувањето. Засега нема информации за настрадани или жртви како резултат на паѓањето на остатоците од распаднатиот мотор.
Полицијата во градот Брумфилд, каде што паднале деловите, побара од локалното население да не ги допира остатоците паднати во нивните дворови или куќи, и веднаш да ги известат властите.
— Claire Armstrong (@BAREESTHETICSCO) February 20, 2021