(ФОТО) Илјадници на комеморацијата за Џорџ Флојд во Минеаполис, Бар обвини за надворешно мешање во протестите

Илјадници луѓе се собраа во четвртокот вечерта во Минеаполис на комеморативниот собир за Џорџ Флојд, афроамерикенц чијашто смрти при апсење од бели полицајци предизвика бран протести кои ги тресат САД среде епидемијата на коронавирусот и претседателската кампања.

Свештенико Ал Шарптон, телевизиски коментатор и активист за граѓански права кој ќе ја предводи подоцна молитвата, го пофали единството на демонстрантите против полициската бруталност.

„Видов Американци од различни раси и возрасти, едни крај други како заедно маршираат и го креваат гласот. Се наоѓаме на пресвртницата“, изјави Шарптон за телевизијата MSNBC пред собирот кој започна во 20 часот по македонско време.

И покрај полицискиот час, мноштвото луѓе ги преплавија улиците на поголемите градови во САД деветта ноќ со ред. Протестиоте, меѓутоа, прераснаа во насилства, подметнувања пожари и масовни пљачкосуваа кои не запираат и по сите апели, што го натераа претседателот Доналд Трамп да се закани со испраќање војска на улиците.

Протестите и насилствата во кои досега животите ги загубија најмалку 11 лица, продолжија во четвртокот, откако обвинителите подиогнаа нови обвиненија против четворицата веќе отпуштени полицајци во Минеаполис, кои се обвинети за убиството на 46-годишниот Флојд при апсење откако бил осомничен за размена на фалсификувани чекови.

Властите во некои од поголемите градови ја ублажија или укинаа мерката полициски час воведен изминатите денови, но и натаму протестите продолжуваат да бидат насилни. Во њујоршкиот кварт Бруклин интервенираа полициски сили против околу илјада лица кои ја игнорираа забраната за собири и во услови на епидемија.

Американскиот државен обвинител, кој воедно е и министер за правда, Вилијам Бар, во четвртокот ги повтори поранешните аконстатаци дека со насилните протести управуваат надворешни фактори и екстремистички агитатори.

„Видовме докази дека Антифа и другите екстремисички групации, како и протагонисите на различните политички уверувања, се вмешани во поттикнување и учество во насилните активности. Видевме и дека странски фактори манипулираат со сите страни“, рече Бар на прес-конференција.

Антифа се претставува како движење на автономни ултралевичарски групи, коишто честопати се обвинети за напади врз полицијата, оштетувања на јавен и приватен имот и предизвикување безредија со вандализам.

„Со цел да се идентификуваат криминалните организатори и поттикнувачи, како и да се координираат федералните ресурси со напите партнери на ниво на сојузните држави и на локално ниво, сојузните агенции за спроведување на законот ја користат мрежата од 56 регионални работни групи за тероризам“, изјави во неделата американскиот министер за правда и државен обвинител Вилијам Бар.

Во друг расно мотивиран случај кој исто така предизвика медиумско внимание кон кое се насочи јавноста, судот во четвртокот ги сослушувапе доказите во кои белец е обвинет дека убил невооружен црнец Ахмуд Арбери во Џорџија, и изговорувајќи расни навреди пред да го застрела и пред да дојде полицијата на местото на настанот.

.