Поп-ѕвездата Кристина Агилера се појави на доделувањето на наградите Latin Grammy во „доминатрикс“ стилот, а нејзините обожаватели веднаш ѝ порачаа дека копнеат по „старите времииња“, паметејќи ја како витка русокоса со грациозни форми и оти сега не ја препознаваат.
Четириесетгодишната пејачка на црвениот тепих се појави во долго црно здолниште со спектакуларно деколте, пренесува весникот The Daily Mail.
Црвената коса, констрастната шминка и нејзините облини не можеа да останат незабележани. Но особено внимание привлекла нејзината става, којашто речици „се потпира“ на клучните коски на уметницата.
Откако снимки од церемонијата станаа вирални на интернет, корисниците се согласни дека ѕвездата станала „жртва“ на пластичните хирурзи. Пишуваат дека градите на пејачката „станале асиметрични“ и дека „изгледаат многу чудно“.
Агилера во последниот период е помалку присутна како пејачка и актерка отколку како филантроп и амбасадор на добрата волја на ОН. Иако е повеќекратен освојувач на најпрестижните музички награди Греми, сепак, нејзините вокални способности сѐ уште предизвикуваат жестока дискусија кај аудиториумот. Некои веруваат дека нејзиниот глас е вистинско богатство, а некои пак се истрајни дека пејачката воопшто нема слух.
View this post on Instagram
View this post on Instagram