ФОТО| Индонезиските спасувачи ги пребаруваат урнатините, досега 268 жртви

Индонезиските спасувачи користеа во вторникот чекани, циркуларни пили а понекогаш и голи раце за да ги расчистат урнатините од срамнетите со земјата згради додека трагаа по загинатите и исчезнатите од земјотресот во кој загинаа најмалку 268 луѓе.

Поради големиот број исчезнати, некои оддалечени области сè уште се недостапни, и повеќе од 1.000 луѓе повредени во земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, бројот на жртви веројатно ќе се зголеми. Болниците во близина на епицентарот на густо населениот остров Јава веќе беа преоптоварени, а пациентите лежат на носилки и креветчиња во шатори поставени надвор од болниците, чекајќи натамошно лекување.

Индонезија е често погодена од земјотреси, многу посилни од оној кој ја погоди Јава во понеделникот, чијашто јачина обично се очекува да предизвика мала штета. Но, експертите велат дека плиткоста на земјотресот и несоодветната инфраструктура придонеле за сериозните штети, вклучително и урнати покриви и големи купишта од тули, бетон и метал.

Епицентарот на земјотресот беше регистриран во руралниот планински округ Сијанџур, каде една жена рекла дека нејзиниот дом почнал „да се тресе како да танцува“.

„Плачев и веднаш ги грабнав сопругот и децата“, изјавила Партинем, која како и многу Индонезијци има само едно име. Куќата се урнала набргу откако таа избегала со семејството, пренесува Associated Press.

„Да не ги извлечев, можеби и ние ќе бевме меѓу жртвите“, рекла таа гледајќи на купот скршен бетон и дрво, се додава во агенцискиот извштај.

Повеќе од 2,5 милиони луѓе живеат во областа Сијанџур, вклучувајќи околу 175.000 во истиомениот главен град.

Земјотресот се случи на длабочина од 10 километри и исто така предизвика паника во главниот град Џакарта, оддалечен околу три часа возење, каде што се нишаа високите згради, а некои луѓе беа евакуирани.

Шефот на Националната агенција за справување со катастрофи, Сухарјанто, кој користи едно име, им изјавил на новинарите дека 1.083 лица се повредени, а најмалку 151 се водат како исчезнати. Но, не се идентификувани сите загинати, па можно е некои тела извлечени од урнатините да се луѓе на списокот на исчезнати.

Спасувачките операции беа фокусирани на околу десетина локации во Сијанџур, каде што се верува дека луѓето сè уште се заробени, рекла Ендра Атмавиџаја, портпарол на јавни работи и домување.

„Ние се тркаме со времето за да ги спасиме луѓето“, според Атмавиџаја.

Првичните обиди за спасување беа отежнати поради оштетените патишта и мостови и прекинот на електричната енергија, како и недостигот од опрема за да помогне во преместувањето на тешките урнатини. До вторникот напојувањето и телефонските комуникации почнаа да се подобруваат, а Атмавиџаја рече дека седум багери и 10 големи камиони биле распоредени од соседните области за да ги расчистат патиштата.

Во селото Сиџедил земјотресот предизвикал лизгање на земјиштето што ги блокирало улиците и затрупало неколку куќи, изјавил Анри Алфианди, началник на Националната агенција за потраги и спасување.

„Ги максимизираме операциите на неколку точки каде што се сомнева дека сѐ уште има жртви. Нашиот тим, исто така, се обидува да стигне до оддалечените области“, рекол тој.

Многу од загинатите се ученици од државните училишта кои ги завршиле часовите кобниот ден и земале дополнителни часови во исламските училишта кога се урнале зградите, изјави гувернерот на Западна Јава, Ридван Камил.

Повеќе од 13.000 луѓе чии домови беа тешко оштетени беа пренесени во центрите за евакуација, рече Камил, иако илјадници ја поминаа ноќта на отворено плашејќи се од последователни потреси.

Товарните камиони со храна, шатори, ќебиња и други материјали од главниот град Џакарта пристигнаа рано во вторникот во привремените засолништа.

Надвор од регионалната болница Чианџур, стотици луѓе чекале да им биде укажана медицинска помош.

„Работев во мојата деловна зграда. Зградата не беше оштетена, но бидејќи земјотресот тресеше многу силно, паднаа многу работи. Ногата ми беше погодена од тешки работи“, рекол Дви Сармади, кој работи за исламска образовна фондација во соседната област.

Тој чекал во близина на шатор пред болницата, откако некои преоптоварени клиники не можеа да го видат. Многу луѓе пристигнуваа во полоша состојба. „Навистина се надевам дека ќе можат да се справат со мене наскоро“, рекол Сармади.

Претседателот Џоко Видодо го посети Сијанџур во вторникот и вети дека ќе ја обнови инфраструктурата, вклучително и главниот мост што го поврзува Цијанџур со другите градови и ќе обезбеди владина помош до 50 милиони рупии (3.180 американски долари) на секој жител чија куќа е оштетена.

„Во мое име и во име на владата, би сакал да изразам длабоко сочувство до жртвите и нивните семејства во овој земјотрес во Чанџур“, рече Видодо по посетата на преживеаните во згрижувачкиот центар воспоставен на локалното фудбалско игралиште.

Земјата со повеќе од 270 милиони жители е често погодена од земјотреси, вулкански ерупции и цунами, поради нејзината локација на лакот од вулкани и раседни линии во пацифичкиот басен познат како „Огнен прстен“. Во февруари загина земјотрес со јачина од 6,2 степени.