(ФОТО) Иран ја продолжува потрагата по урнатиот авион

Иранските спасувачки служби во понеделникот и натаму се обидуваат да ги лоцираат остатоците од авиони кој ден претходно се урна со 66 патници и ќленови на екипажот, а нивната операција засега е без успех поради екстремно ниските температури и планинскиот терен во подрачјето на катастрофата.

Во падот на иранскиот патнички авион на летот од главниот град Техеран кон градот Јасуџ во југозападниот дел од земјата во неделата загинале со 66 лица, од кои 60 патници и шест членови на екипажот, потврди воздухопловната компанија „Aseman Airlines“.

Специјалистите од тимовите за пребарување пронашле дел од остаток од авиони, изјавил функционер во министерството за транспорт на Иран.

„Дел од остатоците од авиониот штотуку беа откриени во близина на областа Денгешле“, рекол соговорникот на агенцијата РИА. Додал дека на местото на падот трага единици алпинисти и припадници на армијата.

Портпаролот на оваа иранска компанија потврди во понеделникот дека сите 66 лица, од кои едно дете, загинале кога авионот се урбал во планонската област Дена, крај градот Семиром, во покраината Исфахан.

Потврди и дека станува збор за авион од типот „ATR 72-500“, за кој медиумите претпоставуваат дека е стра 20 години, што е поради децениското меѓународно ембарго врз Иран, со што е погодена цивилната авијација на земјата коајшто не може да набавува нови летала ниту резервни делови за постојната флота, којашто главно е приземјена.

Хеликоптери и припадници на горската служба за спасување на вооружените сили и на Црвената полумесечина, како и логални доброволци, се вклучени во потрагата, иако не се очекува дека може да се најдат преживеани во несреќата, објави државната телевизија.

„Пет екипи започнаа операција за потрага во раните утрински часови, на 16 степени Целзиусови под нилата“, изјави претставник на локалниот огранок на Црвената полумесечина.

„Се соочуваме со целосна енигма. Не знаеме ништо за несреќата“, истѕакнал министерот за транспорт Анас Ахунди за новинската агенција Tasnim.

Иран побара помош во потрагата од Русија, Кина а помош понудија и некои европски земји.