ФОТО: Изгаснат пожарот во „Прохор Пчински“

Пожарот што денеска утро го зафати манастирот „Прохор Пчински“ на македонско – српската граница е веќе изгаснат, јавуваат српските медиуми.

Портпаролот на Полициската управа во Врање, Драган Стаменковиќ за новинската агенција Бета изјавил дека во пожарот нема повредени.

pozar-manstir

Епископот врањски Пахомија изјавил за црковното Радио Искон дека пожарот на кровната контрсукција од Кралевиот конак го забележал и пријавил настојникот на манастирот „Св. Прохор Пчински“, Николај, кој заедно со гостите во манастирот се обидел да го изгасне користејќи противпожарни апарати, но дека не успеал бидејќи пожарот брзо се ширел.

Се претпоставува дека пожарот на кровната конструкција се појавил во близина на оџакот, а оттаму се проширил на кровот, а потоа и на целиот конак кој во голем дел е изграден од дрво.

pozar-manstir3

За сега не е позната причината за избувнување на пожарот, како и ни колкава штета е направена. Манастирот се наоѓа на непристапен терен покрај реката Пчиња во подножјето на планината Козјак.