Јужноафриканци те го испраќаат починатиот Нелсон Мандела со песни, солзи и молитви, додека Владата ја подготвува погребната церемонија , на која се очекува да пристигнат лидери и личности од целиот свет, пренесува „Асошиејтед прес“.
Се очекува Владата да објави деталната агенда за периодот на жалост, што се очекува да трае повеќе од една недела. На црковна служба утрово, архиепископ Дезмонд Туту изјавил дека борецот против апартхејдот и првиот црн претседател на Јужноафриканската република би сакал неговите сонародници да претставуваат негов споменик, да ги продолжат вредностите на единството и демократијата, за коиј тој беше олицетворение.
Ожалостените граѓани се собираат пред домот на Мандела во Јоханесбург, како и пред куќата во која претходно живеел, во предградието Совето, иако неговото тело беше пренесено утрово во воената болница во Преторија.
Жени танцуваат и извршуваат стари напеви од ерата на борбата против апартхејдот заедно со импровизирани хорови, облечени во жолто и зелено, боите на владејачкиот Африкански национален конгрес.
Неговиот поранешен надзорник во затворот на островот Робен, Кристо Бранд изјавил за „ДПА“ дека Мандела бил негов затвореник, но и пријател, претседател и татко“. Бранд останува надзорник на Мандела и по неговото преместување во други два затвори.
„Кога го ослободија, за мене затворот осиромаши, но ние останавме во контакт. Тој ми беше како татко. Беше земен човек. Кога имав проблеми, ме советуваш . Беше мој затворени , но и мој татко. Меѓу нас немаше бариера поради разликата во бојата на кожата“, додал Брант.
Внукот на Мандела, Мандла, се заблагодари од свое име и од името на семејството на Јужноафриканци и на целиот свет за сочувството и изразената поддршка, добиени по веста за смртта на неговиот дедо, соопшти „АФП“.
Доцна синоќа на 95-годишна возраст почина борецот за човекови права и поранешен јужноафрикански претседател Нелсон Мандела.
Во 1993 година ја доби Нобеловата награда за мир, а во следната 1994 беше избран за првиот црнечки претседател на Јужноафриканската република.Пет години подоцна се повлече од функцијата, препуштајќи им ја помладите од себе, а во 2004 година се повлече од јавниот живот. Последен пат се појави во јавноста во 2010 година, на отворањето на Светското фудбалско првенство. Мандела долги години страда од проблемите со белите дробови. Во осумдесетите години на 20 век, тој беше лекуван од туберколоза, додека ја издржуваше казната доживотен затвор, на островот Робен.
Борец за слободата, затвореник, морален водич и симбол на јужноафриканската борба против расната дискриминација. Тоа беше Нелсон Мандела, кој помина 27 години во затвор,а потоа ја водеше земјта која помина декади во сегрегација.