Ковчег от со телото на Нелсон Мандела обвиткан во државното знаме утринава го започна своето последно патување.
Државниот погреб на светската политичка икона и борец против апартхејдот Нелсон Мандела, кој почина на петти декември на 96-годишна возраст, почна утрово во селото Куну, каде што тој го поминал детството и каде живееше по повлекувањето од политиката.
Вдовицата на Мандела, Граса Машел пристигна на церемонијата и се движеше пред поворката на нејзиниот сопруг. Спред традицијата, таа го превзема неговото тело.
Околу 5000 лица, вклучувајќи ја и неговата поранешна сопруга Вини , принцот од Велс , Опра Винфри, Ричард Бренсон и американскиот активист за граѓански права Џеси Џексон , се дел од толпата која се сбра во Куну за да се поздрави за последен пат со големиот Мандела, првиот црн претседател на Јужна Африка.
Сегашниот лидер на неговата сакана земја, Џејкоб Зума , и кажа на обожавателите на Мадиба, како што тие го нарекуваа, дека тој беше и ќе остане „фонтана на мудроста, столб на силата и светилник на надеж за сите оние кои се борат за праведен и правичен светски поредок“.
Меѓу присутните на погребот ќе бидат претседателите на Танзанија и Малави, премиерот на Етиопија, потпретседателите на Замбија, Иран и Никарагва и кралот на Лесото.
Погребот ќе биде мешавина од традиционални ритуали, христијански елелементи и оние кои го одликуваат погребот со државни почести.
Традиционални ритуали како колење на вол, замотување на покојниот во леопардова кожа, и обраќање на постар член од семејството до душата на починатиот ќе бидат изведени утре за време на погребот на Нелсон Мандела. Овие ритуали од традицијата на племето Коса, во кое припаѓа кланот на Мандела, Темба.
Погребот во селото Куну на североистокот на земјата, каде Мандела го минал детството, ќе биде мешавина од традиционални ритуали, христијански елементи и државни почести.
Според обичаите, телото на починатиот мора една вечер да остане во домот на семејството.
Во недела, член на семејството ќе му се обрати со зборовите „Мадиба, сега те погребуваме”.
Починатиот мора да биде замотан во специјална ткаенина, а кога станува збор за човек од рангот на Мандела, телото мора да биде замотано со леопардова кожа.
„Кога телото лежи таму, душата е се уште жива“, рече пречесниот Весли Мабуза, претседавач на Комисијата за промоција и заштита на правата на културните, верските и лингвистичките заедници на Јужна Африка.
Мандела ја предводеше мирната транзиција во Јужна Африка со префрлањето на власта од белото малцинство на црнечкото мнозинство во 90-те години на 20-от век, откако претходно во затвор помина 27 години.
Мандела беше еден од највлијателните светски државници, но по повлекувањето од претседателката функција им ја остави политичката работа на своите наследници, а по 2004 година се повлече од јавниот живот на земјата и мошне ретко се појавуваше во јавноста.