ФОТО| Kазнети 368 возачи за брзо возење, нокои возеле со близу 200 км/ч

Во текот на саботата (02.10.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 368 возачи.

Од нив, 44 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 148 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 220 надвор од населено место.