Кејт Хадсон во жешко црвено издание за нов календар. Култниот италијански црвен, горко-сладок аперетив „Кампари“ ја претстави холивудската актерка Кејт Хадсон како ѕвезда на својот календар за престојната 2016-та година, кој официјално ќе биде претставен на 18-ти ноември годинава.
Темата на кампањата е инспирирана од атмосферата на претседателските избори во САД што метафорично ја претставува спротивноста меѓу двете опозициски страни.
Календарот ја прикажува реалната состојба на изборите, барајќи од луѓето да заземат став, да го искажат личното мислење и да гласаат за сопствениот кандидат.
Овој позитивен ривалитет заживеа на страниците на календарот преку соработка помеѓу модниот фотограф Микеланџело Ди Батиста и Кејт Хадсон што е отелотворение и персонификација на двете души на Кампари – маѓепсувачката горчина наспроти суптилната, интригантна сласт.