
Кејт Мидлтон (34) секогаш фасцинира, но ретко изненадува со модните одлуки.
За време на главната вечера во чест на „Музеј на годината“, ексклузивен годишен настан во Лондон војвотката изненади. Кејт беше таа која го објави победникот на музејот „Викторија и Алберт“, кој доби премија во износ од 100.000 фунти.
За вечерата Кејт Мидлтон избра тренди фустан со должина малку над глуждовите. Фустанот е со потпис на Барбара Касасола и е модел со кој не сме ја виделе војвотката досега.
Инаку, фустанот е дел од новата колекција на бразилската дизајнерка што работи во Лондон.