
Осамениот кенгур Дадлбаг многу рано останал без својата мајка, па чуварите од националниот парк му дале плишено мече за да има што да гушка.
Малиот кенгур веднаш ја прифатил играчката и не се двои од неа ниту за миг.
Џилиан Абот решила овој момент да го зачува со фотографија, а нејзиниот син Тим Бешара да ја сподели со светот преку Твитер.
Можеби бил заборавен или неговата мајка не е жива затоа што овој кенгур и бил предаден на мајка ми кога бил само неколку месеци стар. Сега постојано доаѓа за малку гушкање и храна, објаснува Бешара.
Кенгурот „Големиот Бак“ сее страв низ Австралија
Не е необично кенгурите да се шетаат низ населени места низ Австралија, но оние малите. Не кенгури од 2 метри кои тежат 100 килограми, кои имаат скинато уво и сакаат да посетуваат игралишта и паркови.
Жителите на едно мало место во Австралија биле шокирани и исплашени бидејќи се појавил огромен кенгур. Мускулестото животно е тешко 100 килограми и често се појавува на игралишта и патеки и брка кучиња и играчи на голф.
Локалните жители го нарекле “Големиот Бак”, а целиот свет тврди дека е најголемото нешто што го виделе во животот.