![podvis kicevsko](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/podvis-kicevsko.jpg?resize=621%2C329&ssl=1)
Во 2019 година, Владата на СДСМ, денот 5-ти мај го прогласи за Ден на македонскиот јазик, бидејќи на тој датум во 1945 година со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Овој потег би бил многу позитивен доколку и мотивот, односно причината беше искрена. Сето ова е само оправдување пред јавноста, односно покривање на последиците од Преспанскиот договор, односно губењето на националните признаци и на македонскиот јазик и на македонскиот народ по предлог на претседателот на Советот за македонски јазик, професорот Људмил Спасов.
Наспроти декларативната грижа за македонскиот јазик, остатоците од првото училиште каде што за прв пат и официјално отпочнала наставата на македонски јазик во кичевското село Подвис, во септември 1973 година, доволно зборуваат за вистинската желба за зачувување на придавката „македонски“, однесувајќи се и на народот и на јазикот.
Дополнителна обврска за грижата на македонскиот јазик е тоа што ова училиште е прогласено и за културно наследство како Спомен-училиште од Народоноослободителната војна на 15 ноември 1978 година.
Објектот каде што и официјално е одржан првиот час на македонски наставен јазик е оставен на забот на времето. Па сега, како македонската држава, историјата ја изградуваме или ја разградуваме.