15.8 C
Skopje
петок, октомври 18, 2024

(ФОТО) Кортни Кардашијан без шминка

Ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан скоро секогаш објавува фотографии на социјалните мрежи каде е средена од глава до петици.

Но, таа не се двоуми понекогаш да покаже како изгледа без шминка.

Кортни го докажа тоа на една од последните објави на Инстаграм. Таа позира во костим за капење и го покажа лицето без шминка, а косата и беше врзана во коњско опавче.

Претходно, таа објави фотографија на која позира во сини пижами пред ресторан среде ноќ.

„Кога желбата ќе ви дојде доцна во ноќта“, напишала таа покрај фотографијата. Поради овој опис, многу обожаватели на семејството Кардашијан мислеле дека Кортни е бремена, но таа сеуште не го коментирала ова прашање.