Во последнава недела во две познати кафулиња во Мавровка се појавиле лажни банкноти од 1000 денари, вели читател кој испратил и фотографии, до порталот MkNews.
Според него, мала е разликата меѓу лажните и оргиналните банкноти и многу тешко воочлива.
„Нека внимаваат луѓето, зошто нас ни ги подметнале овие пари плаќајќи ја сметката, а ги забележавме дури подоцна“, вели читателот.
Тие пријавиле и во полиција, но сакаат да ги предупредат и граѓанте да бидат внимателни.