Иако има 55 години Лепа Брена изгледа преубаво и воопшто не се срами да го покаже тоа.
Таа во моментов со семејството ужива на нејзината јахта каде позираше во костим за капење и фотографијата ја сподели на социјалните мрежи.
Вашиот живот е вашето платно, напиша таа под фотографијата.
Инаку пејачката заедно со семејството се одмора на Јадранско Море, а фотографијата настанала во близина на Ичиќи. Сите заедно го истражуваат хрватското приморје на јахтата што минатата година ја купија.