
Десетици млади Македонци учествувале во групна тепачка со доселеници од Африка во австралискиот град Перт.
Тепачката била закажана преку Фејсбук. Како што пренесуваат австралиските медиуми во тепачката учествувале повеќе од стотина учесници кои брзо пресметката ја преселиле и по улиците на населбата, па полицијата интервенирала со повеќе возила.
Полицијата сеуште ги утврдува причините за овој немил настан, а македонската заедница во Перт и пошироко е шокирана. Кај Австралијанците, Mакедонците важат за мирен, чесен и работлив народ, јавува порталот „Шило“.