
Во чест на осуммината загинати специјалци во кумановската „Дива Населба“ вчера во Гостивар се одржа Меморијален турнир во мал фудбал.
Годинава, на турнирот што е организиран од сругарите на загинатите гостиварци, Ненад Серафимовски и Горан Илиески, учествуваа 4 екипи, а од следната година ќе учествуваат 8 и секоја екипа ќе носи име на еден од загинатите херои во „Диво Насеље“.
Екипите носеа црни и бели маички со ликовите на Ненад и Горан со натпис „Хероите живеат вечно“. На турнирот присуствуваа и припадници на специјалните единици Тигар и ЕБР.
Осуммината специјалци загинаа на 9 мај минатата година во Куманово во полициска акција за разбивање на вооружена терористичка група.