(ФОТО) Мицкоски на средби со дијаспората во Њу Џерси

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во текот на вчерашниот ден оствари повеќе средби со дијаспората во Њу Џерси, САД, и оддржа трибина на која се разговараше за акутелните политички состојби во Република Македонија.

Мицкоски оствари средба со претставниците на Движењето за човекови права во Њу Џерси – организација која повеќе од 30 години превзема голем број активности насочени кон заштита на правата на македонците кои живеат надвор од македонија како и добротворни активности во Република Македонија.

Мицкоски ги информираше соговорниците за активностите на ВМРО-ДПМНЕ насочени кон промоција на стратешките надворешно-политички приротети на Република Македонија. Исто така соговорниците се осврнаа и на актуелната политичка состојба во Република Македонија, пришто Мицкоски истакна дека во нашата земја владее правна несигурност и политички терор.

Мицкоски го посети црковниот храм Св. Кирил и Методиј кој е дел од една од најстарите и наголемите црковни заедници на Северноамериканскиот континент.

Мицкоски исто така оддржа трибина во Црквата Св. Кирил и Методиј во Њу Џерси каде со над 150 претставници на дијаспората разговараше за актуеланта политичка состојба во Република Македонија. Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која е насочена кон Евро-атланска интеграција и стратешко сојузништво со САД, како интегрален дел од заштита на националните интереси на нашата земја.