ФОТО| Мицкоски: Немаат програма затоа што таа подразбира план и визија

Ако дојдат 500-те евра плата кои Заев ги ветува лажно 5 години тоа ќе биде кога зејтинот веќе станал 200 денари литар, брашното тродупло се поскапело, лебот отишол над 30 денари, литар бензин дошол 100 денари. Какво фајде од неговите лажни 500 евра кога трошоците за живот се многу поголеми од тоа што го зема едно семејство, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг пред граѓаните во општина Гази Баба.

Мицкоски посочи дека СДСМ немаат програма, бидејќи таа подразбира и план и визија затоа што нивната визија се тендерите и криминалните бизниси.

И доаѓаат пред вас без програма, а велат дека се најдобри и сега овој пат треба да им верувате на оние кои десет пати, 50 пати стопати претходно ве излажале. Немаат програма затоа што таа подразбира план и визија. Тие немаат визија затоа што нивната визија се тендерите и криминалните бизниси. Нивната програма се лагите и прес конференциите во кои никој не им верува. Заев нема програма затоа што таму ќе остане напишано излажаното. Нема програма затоа што и тоа им тешко да го направат и ќе станат мерливи и ќе може да се споредат дека ништо немаат направено, нагласи претседателот Мицкоски.