-Не можеме да го скриеме задоволството кога сме дел од вакви настани, каде што сведочиме на исполнети ветувања, даден збор што граѓаните можат да го видат и на дело. Тоа што се ветува, тоа и се реализира, рече во изјава за медиумите претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Денеска покрај спортската сала, бевме и на посета на спортско игралиште во Стајковци. Ново фудбалско, кошаркарско, детско игралиште. Се работи, се реализира ветеното и тоа веќе го чувствуваат граѓаните насекаде во Македонија каде што ВМРО-ДПМНЕ има свои градоначалници, истакна Мицкоски.
Тој додава дека не им е лесно, опструкции има на секој чекор, некаде се одземаат ингеренции, се намалуваат дотации, се кратат дотации. Никој од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не добил никаква помош за разлика од малкумината кои што се дел од власта од страна на оваа Влада.
-Континуирано и сѐ под притисок, но сепак со храбро, чесно, транспарентно работење тие можат да испорачаат голем дел би рекол од она кое што беше ветено за време на кампањата на локалните избори во 2021 година, потенцираше Мицкски.
Му честитам на Боби и на тимот во Општината, на советниците, честитам и на пратениците од Гази Баба за ова што го прават. И сакам само да ги охрабрам дека уште многу треба да направиме за луѓето да бидат задоволни и да видат еден исчекор напред. Јас сум сигурен дека веќе следната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже и докаже дека можело поинаку и дека можело да бидеме различни, да не бидеме како овие кои што пет и половина години ја пустошат, ја пљачкаат и ја уназадуваат нашата Македонија, истакна Мицкоски.