ФОТО| Мицкоски: Уставобранителите се чесни граѓани на оваа земја!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во неделата присуствува присутен на протестот за поддршка за осудените од упадот во Собранието кој се случи пред четири години.

Тој на социјалните мрежи порача дека не смее да се премолчи на неправдата, затоа што како што рече, уставобранителите се чесни граѓани на Македонија.

„Не смееме да премолчиме неправда, затворот на правдина е најтежок, а општеството не смее да дозволи импровизации. Даваме поддршка и бараме ослободување на уставобранителите, тие не се и не можат да бидат терористи. Тие се чесни граѓани на оваа земја“, рече Мицкоски.