ФОТО: Младината на ВМРО-ДПМНЕ во акција, ќе уредува и чисти над 100 споменици

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ по повод 2 Август, празникот ќе го одбележи со уредување и чистење на спомениците поврзани со двата Илиндена со организирање на досега најобемната акција каде младите се поттикнати да се заложат за зачувување на трајните вредности и афирмирање на историското културно наследство.

„Денес се одржува координирана акција низ целата држава каде што ќе бидат уредени и исчистени над 100 споменици во над 40 општини кои се значајни за наслението каде што се поставени. Историјата треба да ја негуваме цело време искажувајќи им почит на оние што се бореле и покажале исклучителна величина и подвизи,“ вели Лука Кржаловски од младината на ВМРО-ДПМНЕ.

Кржаловски додаде дека зачувувањето на културно историските вредности и афирмацијата на културно историското наследство е една од основните работи на која е темели делувањето на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, притоа трајно врежувајќи им на младите дека треба да се грижат и да ги почитуваат оние што се бореле за независна Македонија.