Гламурозни тоалети потпишани од познати дизајнери, скап и блескав накит, елеганција, уникатни модни парчиња, и како и секогаш, и понекој моден промашок…ѕвездите синоќа чекореа, се фотографираа, блеснаа на црвениот тепих на доделувањето на престижните Греми награди.
А некои дома си заминаа со уште признание за нивната работа, музички хитови и нови видео записи.
И оваа година доминираа долгите и елегантни фустани, но похрабите, меѓу кои и Рита Ора се одлучија за кратки здолништа.
Мадона изненади со нејзината смела комбинација, одличен црн костум, заедно со осумгодишниот син Дејвид, кој беше нејзин партнер вчеравечер.
Бијонсе и Џеј Зи со одличен перформанс и беспрекорен изглед уште еднаш докажаа зошто се најмоќна двојка во шоу бизнисот.
Кети Пери својата љубов кон музиката ја пренесе и на фустанот со потпис на Валентино декориран со ноти.
Младата кантри пејачка Тејлор Свифт заблеска во долга тоалета која ја истакна нејзината совршена фигура.
Но, мора да признаеме дека доделувањето на престижните музички награди помина во духот на долги фустани во металик боја и многу сјај и смели комбинации на момците.