
Ова е моментот кога францускиот претседател Франсоа Оланд дозна за нападите што се случија во негова непосредна близина.
Тој беше на пријателскиот натпревар помеѓу Франција и Германија на Стад де Франс, а член на неговиот кабинет за безбедност му пристапи и му кажа: Нападнати сме!
Фотографијата е забележана од камерите во националниот стадион.
Првата фотографија е забележана во 21. 17 часот, по ова тој беше евакуиран, а останатите продолжија да го гледаат натпреварот.
Пет минути по втората експлозија тој бил забележан во контролната соба на стадионот додека разговарал на телефон.