Археолозите соопштија дека откриле мумија прекриена со златни ливчиња затворена во саркофаг кој не бил отворен 4.300 години, пренесуваат медиумите.
Мумија, остатоци на човек по името Хекашепес, се сметаат за едни од најстарите и најцелосно зачуваните некралски посмртни останки кога и да е откриени во Египет. Пронајдени се во окно длабоко 15 метри на древните гробишта јужно од главниот град Каиро, во Сакара, каде што се пронајдени уште три гробници. Една од гробниците припаѓала на „чуварот на тајните“.
Најголемата од мумиите кои се откриени на гробиштата, како што се претпоставува, бил човек по името Кнумџедеф, свештеник, инспектор и надзорник на благородниците.
Другата била на маж по име Мери, високопоставен службеник на кралскиот двор кој ја добил титулата „чуварот на тајната“, што му овозможувало извршување на посебни верски ритуали.
Се претпоставува дека судијата и писател по името Фетек бил положен во друга гробница, каде што е откриена колекција на она што се сметаат за најголемите скулптури некогаш пронајдени во таа област.
Неколку други предмети, вклучително и парчиња од керамика, исто така, се пронајдени на просторот меѓу гробниците.
Археологот Захи Хавас, кој е поранешен египетски министер за антиквитети, изјави дека сите откритија датираат од околу XXV до XX!II век ред Христа,
„Ова откритие е многу важно, бидејќи го поврзува кралевите и луѓето кои живеел околу нив“, вели Али Абу Дешиш, исто така европски археолог кој учествувал во ископувањата и истражувањата.
Сакара била активна гробници повеќе од 3.000 години и е прогласена за локалитет на Светското културно наследство на УНЕСКО. Се наоѓа во древната египетска престолнина Мемфис и таму се наоѓаат повеќе од дванаесет пирамиди, вклучително и скалестата пирамида, во близина на местото каде што е пронајдено окното во кој се наоѓала спомената мумија.
Откритието за коешто е известено во четвртокот, доаѓа само ден, откако археолозите во јужниот египетски Луксор соопштија дека откриле комплетен град од римскиот период, кој датира од II и III век од новата ера.
Археолозите откриле станбени објекти, кули и простории кои ги опишуваат како „работилници на метали“ со лончиња, алатки и римски кованици.
Последните години речиси секојдневно египетското Министерство за антиквитети објавува нови откритија, во напорите да се заживее туристичката индустрија на земјата, последната деценија под ударот на политичката нестабилност, масовните тензии, исламистичките терористички напади и пандемијата од Covid-19.