
Во земјотресот со магнитуда 6,2 на индонезискиот остров Сулавези загинале најмалку 35 лица а стотици други повредени се во петокот, а дражавната метеоролошка аенција предупредува на опасност од новите потреси, потенцијално доволно силни да предизвикаат цунами.
Потресот во петокот имал епицентар на 6 километри североисточно од Маџене, на релативно мала дланочина од 10 километри, малку пред 1,30 часот во петокот по локално време (во четврток во 18,30 часот по средноевропско време), поради што илјадници луѓе во панија побегнаа во од своите домови на повисоките локации.
Најмалку 35 луѓе загинале, повеќетпо во Маџене и во соседниот град Мамуџу, соопшти шефот на локалната служба за цивилна заштита, Дарно Маџид, пренесе AFP
Сафарудин Сануси, портпарол на покраинската влада на Западен Сулавези, изјавил за Reuters дека се очекува дека во потрагата и спасувачките операции ќе бидат пронајдени уште жртви. Прелиминарните информации на индонезиската агенција за помош во природните катастрофи покажува дека сљамо во Маџене се повредени 637 лица.
Поради потресот, не е издадено предупредување за цунами, но шефот на индонезиската метеоролшки и геофизки агенции (BMKG), Двикорита Карнавати на прес-конференција изјави дека може да следат силни треперења на почвата со можност уште еден силен потрес да предизвика цунами.
Низата потреси предизвикале три свлечишта, оштетил мостови до регионални центри како што е градот Макаср и оштетил повеќе од десетици домови, два хотела како и канцеларијата на покраинскиот гувернер. Во подрачјето била прекинот снабдување со електрична енергија.
Според медиумските извештаи, во Мамуџу се урнати повеќе згтради, меѓу кои и болници.
„Болницата е уништена. Под урнатините има пациенти и персонал, работиме на нивното извлекување“, изјавил за AFP шефот на спасувачка екипа која работи во градот Мамуџу. Оценил дека во урнатините се затрупани меѓу 10 и 20 луѓе, но не можел да потврди дали се живи. Мамуџу е покраинскиот центар со околу 110.000 жители.
Потресот предизвика паника меѓу жителите на западниот дел на Сулавези кои се засолнија на рудовите. Островот во 2018 година беше погоден од земјотрес со повеќе жртви. По потресот отворени се свлечишта, пресекувајќи го пристапот до еден од главните магистрални правци во покраината.
Портапролот на покраинската влада на Западен Сулавази изјавил дека властите итно мора да ја обноват телекомуникациската мрежа и да поправат неколку оштетени мостови, какои да достават шатори, храна и медицински продукти.
Снимките емитувани на локалните теелвизии се гледа како жителите на мотоцикли заминуваат на повисоките места на островот. Снимките прикажуваат и како луѓе со голи раце се обидуваат да откопаат урнатина, по која останало затупано дете.
Индонезискиот архопелаг лежи на ткн „Пацифички огнен прстен“, едно од подрачјата на планетата со најсилна тектонска и вулканска активност. Во септември 2018 година градот Пали на Сулавези беше погоден од многу силен земјотрес со магнитуда од 7,5 кој предизвика разорно цунами. Во таа катастрофа загинаа и исчезнаа над 4.300 луѓе, а најмалку 170.000 мораа да ги напуштат своите домови.