Најмалку пет лица загинале и уште петнаесет се поведеи во понеделникот рано попладнето, откако автобусл удрил во толпа пешаци и влетал во подземен пешачки премин во руската престолнина Москва.
„Според првичните сознанија, автобусот слетал во подземниот премин на станицата на подземната железница ’Славјански булевар’“, изјавиле од московската служна за итни случаи за агенцијата РИА.
Од таму додале се истражуваат деталите за оваа „сообраќајна несреќа“, којашто се случила малку по 14 часот по локално врме, или 12 часот по македонско време.
Според соговорникот на агенцијата се истражуваат две варијанти за несреќата: откжување на сопирачките на автобусот, или во инцидентот да било вклучено уште едно возило.
Верзијата за терористички напад како причина за влетувањето на автобусот во пешаците и пешачкиот премин не се разгледува, рекол извор запознаен со истрагата.
https://www.youtube.com/watch?v=ksLo23mYzcg