Нема човек кој не сака да патува, да истражува нови култури, да посетува нови места…Секојдневно милиони туристи го обиколуваат светот, некои бараат егзотични предели, некои недопрена и дива природа, други уживаат низ музеите, трети сакат да се фотографираат до славни и претпознатливи споменици.
Најпосетуван град во 2013 година е градот кој никогаш не спие, Њујорк, а туристите го обожаваат сјајот и вревата на Тамјс Сквер, но и мирот и убавината на паркот во срцето на Големото Јаболко.
Погледнете кои се најпосетуваните споменици и атракции низ светот, крај кои никој не одолеал а да не се фотографира.
Тајмс Сквер, Њујорк
Годишно посетители: 39.200.000
Централ Парк, Њујорк
Годишно посетители: 38.000.000
Лас Вегас
Годишно посетители: 29.467.000
Нијагарини водопади, Њујорк и Онтарио
Годишно посетители: 22.500.000
Големиот Пазар, Истанбул
Годишно посетители: 15.000.000
Дизниленд Токио, Токио
Годишно посетители: 14.452.000
Нотр Дам, Париз
Годишно посетители: 13.650.000
Забранетиот град, Пекинг
Годишно посетители: 12.830.000
Базиликата Свето срце, Париз
Годишно посетители: 10.500.000
Кинескиот Ѕид, Кина
Годишно посетители: 9.000.000