![kejt](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/04/kejt.jpg?resize=630%2C513&ssl=1)
Од кога првпат се појави Кејт Миделтон луѓето ги потсетува на принцезата Дијана, мајката на принцот Вилијам. Лејди Ди беше миленичка на народот, бидејќи со својот природен став на секого успеа да му се приближи. Кејт тргна по нејзини чекори, па за кратко време постана омилена личност во Британија. Но овие дами имаат и сличен моден вкус.
Војвотката при посетата на Нов Зеланд многу ги потсетува на Дијана, која често носела идентичен црвен капут. И двете дами имаат сопствена фризура како заштитен знак, Кејт нејзината долга кафеава негувана коса, а Дијана исфенираната кратка коса.
На многу фотографии можат да се видат сличности меѓу овие две жени. Кејт на веридбата со Вилијам носеше темно син фустан, нијанса која потсетува џемперот кој Дијана го носеше многу години пред тоа. Така настанаа двата портерата кои денеска сведочат за сличноста меѓу војвотката и принцезата.
Иако должностите налагаат лејди Ди секогаш да биде елегантна и софистицирана, на зимовање можеше да се види опуштена. Сепак и тогаш сакаше да биде доследна на себе. Кејт од друга страна сака да изгледа спортски, па својата коса ја собира во репче. Сличноста е воочлива.
Лејди Ди беше вистинска модна икона и сите жени сакаат да изгледаат како нејзе. Било да се рaботи за секојдневен живот или случувања на црвениот тепих, таа со својата појава секогаш маѓепсуваше. Таков е случајот и со Кејт.
Една од највпечатливите слики се случија кога Кејт излезе од болница по породувањето. Не само што сцената со Вилијам е слична со онаа кога лејди Ди на истата оваа скала се појави со малиот Вилијам во раце, туку и Кејт одлучи да облече токму таков фустан.Оваа фотографија со брзина на светлина го обиколи светот, и послужи како доказ дека Кејт е одлична наследничка на Дијана.
Дијана ќе остане запаметена како една од најсаканите принцези, која се поврзуваше со народот. Кејт оди по нејзини чекори и одлично се снаоѓа. Војвотката одлучи од Дијана да научи некоја лекција за стилот.
Имајќи предвид дека една голема модна икона и е пример, Кејт многу брзу стана идол на млади девојки.