Подгответе ја кожата со основа по ваш избор – што треба да одговара на вашиот тип на кожа и на текстурата. Ако не сакате да користите или ако немате основа, тогаш овој чекор можете да го прескокнете.
Нанесете ББ крема во нијансата што вообичаено ја користите. Исто така можете да користите и ЦЦ крема или било која друга изнијансирана крема за лице.
И на крај, најинтересниот дел – нанесувањето на хајлајтер. Едноставно нанесете хајлајтер на местата каде што сонцето прво „допира“, а тоа се мостот на носот, врвот на образите и вдлабнатината над горната усна (помеѓу усните и носот). Размачкајте го со четкичка и тоа е се. Ќе добиете свеж и сјаен изглед на лицето што пред се е природен и што ќе го дефинира вашето лице без силни линии и комплицирани техники.