(ФОТО) Новиот директор на Природно-научниот музеј јавно му се заблагодари на Касами за функцијата, а социјалните мрежи пламнаа

Социјалните мрежи вријат откако Ферат Мемети, новоназначениот директор на Природно-научниот музеј, јавно му се заблагодари на лидерот на Беса, Билал Касами, за своето вработување.

Тој на Фејсбук се пофали дека ја прифатил должноста да раководи со Природно-научниот музеј, а потоа и јавно напиша дека голема поддршка имал од Касами.

„Денеска, официјално ја прифатив должноста да раководам со Природно-научниот музеј на Северна Македонија. Благодарност до Движењето Беса и до претседателот Билал Касами за поддршката да раководам со овој музеј“, напиша Мемети на Фејсбук.

Ваквиот негов потег твитерџиите го оценија ккао класичен пример на партизација во македонската администрација.