![oliverspasovski-mvr-luksuz-640x376](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/09/oliverspasovski-mvr-luksuz-640x376.jpg?resize=640%2C376&ssl=1)
Револтиран граѓанин преку социјалните мрежи го искажа својот гнев и неправдите кои се случуваат секојдневно во нашата земја, а сведоци се речиси сите граѓани.
Имено во овој случај станува збор за локал кој наводно е во сопственост на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, а во кој не се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, ниту пак препораките од Комисијата и мерката за скратено работно време на локалите поради ширење на вирусот.
„Нееднаков пристап од страна на министерот на МВР Г. Оливер Спасовски со оглед дека на неговиот локал (кафуле-ресторан) на бензинската пумпа во населбата „Беново Трло“ во Куманово не се почитуваат мерките против КОВИД-19 од страна на клиентите и од страна на вработениот персонал. Пред последната мерка за карантин од 21 часот, односно 18 часот таму секојдневно гостуваат отприлика 150-200 клиенти сите без маски, а работното време траеше до 2 часот наутро.
Апсурдот стои дека МВР треба да ги применува мерките за казнување на лицата кои не носат маски ( на пат и насекаде), а персоналот и клиентите од неговиот локал се заштитени“, стои во постот на револтираниот граѓанин