(ФОТО) Од Игор го нема, ама Северина фатена со фино друштво

Хрватската пејачка Северина овој викенд се одлучи да го помине во друштво со своите пријатели, но далеку од очите на јавноста.

Имено пејачката на својот Инстаграм профил сподели фотографија од своите пријатели далеку од градскиот метеж под која напиша „имам мал круг на големи луѓе“.

Фановите веднаш започнаа да прашуваат дали во овој круг на пријатели се уште е и нејзиниот сопруг Игор Којиќ кој засега не се знае дали се уште се заедно.

Додека едни тврдат дека во Истра со Северина е отиден и Којиќ, други и порачуваат на пејачката барем да и остане во кругот на пријатели сопругот доколку се скарани или разведени.

Инаку за потсетување Игор и Северина во време на карантинот беа разделени, па од тогаш започнаа шпекулациите за нивниот брак и развод.