Грандиозниот огномет приреден во Дубаи за дочекот на 2014 година е запишан во Гинисовата книга на рекорди како најголем организиран до сега во светот.
Во Гинисовата книга на рекорди стои запишано дека овој огномет се подготвувал девет месеци и биле испалени повеќе од 500 илјади ракети. Огнометот траеше шест минути.
Овој пиротехнички спектакл се случуваше 94 километри по должината на брегот од највисоката кула во светот Бурџ Калиф преку вештачките острови во облик на палма се до вештачкиот архипелаг во облик на картата на светот.
Спектакуларниот финален огномет создаде вештачко раѓање на сонцето по должината на крајбрежјето, еден километар во височина.
За перформансот се користени 100 компјутери за синхронизација на пиротехниката во комбинација со музика и кореографија.
Во подготовката учествувале повеќе од 200 стручни техничари кои работеле пет илајди работни часови за да бидат сигурни дека тајмингот на огнометот ќе биде прецизен до милисекунда.