(ФОТО) Оскаровката Гвинет Палтроу позираше гола за својот 50-ти роденден

Актерката Гвинет Палтроу позираше гола прекриена со златна пудра за тело за потребите на фотосесијата инспирирана од „Goldfinger“ во чест на нејзиниот 50-ти роденден.

„Знам само дека ме бојадисуваат со злато и морам да бидам гола. Се чувствувам толку добро што наполнив 50 години, а ова е израз на она чувство на енергија и оптимизам што го чувствувам“, рече Палтроу за време на снимањето за нејзиниот бренд „Goop“.

Гвинет Палтроу / Фото: Принтскрин/Инстаграм/goop

Фотографот Ендру Ји направил неверојатни фотографии, додека славната шминкерка Лоти имала задача да ја претвори Палтроу во „златна божица“.

„Мислам дека стареењето е всушност убава работа. Треба само да ги отвориме нашите перцепции. Како што станувате се повеќе од она што сте, во интегритетот, вашиот живот навистина се отвора“, рече актерката.

Гвинет Палтроу / Фото: Принтскрин/Инстаграм/goop

Во пресрет на нејзиниот роденден, актерката на социјалните мрежи ги сподели своите размислувања за новиот период во животот.

„Моето тело е мапа на докази на сите денови… Збирка ознаки и неправилности кои претставуваат поглавја. Лузни од изгореници од рерната, скршен прст во прозорецот, раѓање… Сребрена коса и фини брчки. Сонцето ги остави своите небесни отпечатоци насекаде по мене“, изјави оскаровката.