12.8 C
Skopje
среда, ноември 20, 2024

(ФОТО) Оскаровката Сандра Булок никој не ја препознава, изгледа како дух

По двегодишна пауза, американската актерка Сандра Булок (56) се врати на филмот во екот на пандемијата на коронавирус.

Откако го сними реномираниот пост-апокалиптичен хорор / трилер „Птичја кутија“ за Нетфликс во 2018 година, кој исто така го продуцира, сега работи на неименуван филм за истиот стриминг сервис, што всушност е адаптација на британската мини ТВ серија „Непростено“ од 2009 година.

Оскаровката овие денови е видена на снимањето во Ванкувер, Канада, но со оглед на трансформацијата низ која морала да помине поради улогата, таа изгледа потполно непрепознатливо, уморно и малку несредено, со неуредна коса што и паѓа на рамената.

Булок, во новиот проект на кој работи повторно како продуцент, ја игра Рут Џонс, поранешна осуденичка која се обидува да се врати во нормалниот живот по излегувањето од затвор, каде што завршила за двојно убиство на полицајци.

Со цел да се усогласи со сите епидемиолошки мерки воведени поради ковид-19, Сандра се заштитила на сетот со маска, но и со визир, и секој пат кога ќе влезе во теренецот, темелно нанесува средства за дезинфекција на рацете.

Покрај неа, во претстојниот филм на Нетфликс ќе ги видиме и Виола Дејвис и Винсент Д’Онофри, sвездата на „Светот на Јура“.